Македонија

Тетово се гуши,властите сеуште без мерки и решенија за аерозагадувањето

Тетовци секојдневно се трујат од загадениот воздух, а локалните власти и натаму се без конкретни мерки и решенија за намалување на аерозагадувањето.

13.01.2018 17:41:27
Тетовци секојдневно се трујат од загадениот воздух, а локалните власти и натаму се без конкретни мерки и решенија за намалување на аерозагадувањето. Ниту се казнуваат индустриските капацитети кои загадуваат, ниту е воведен јавен превоз, а не е решен ни проблемот со сообраќајот. Бидејќи општината е незаинтересирана, во еколошките здруженија велат, дека ќе бараат  Владата да реагира.

И тетовци се лути што градот се гуши и е загрозено колективното здравје, а властите ништо не преземаат.

Тетово со години има проблем со високо аерозагадување, а неколкупати се најде и на врвот на листата најзагадени градови во Европа, па и во светот. Ова придонесе и за енормно зголемување на бројот на заболувања, последниве години. Но, и покрај сериозноста на состојбата, властите константно се незаинтересирани за проблемот.



Милена Вучевска
 

Тетово се гуши ...

Од: Томе

Време: 14.01.2018 04:19:09

Коментар: Па нели за загадениот воздух што го дишат Тетовци беше обвинет само Југохром како најголем загадувач во Полошкиот регион ? Југохром не работи неколку месеци , а сепак Тетово се гуши во смог ?! Повторно Југохром е загадувач ? Или пак сега ќе речеме дека ова е последица од енормното загадување на Југохром ! Каде се сега еколошките здруженија :Герила , Горила (и уште незнам какви не имиња имаат тие политички и национално обоени здруженија) кои протестираа за затворање на некогашната гордост на Полошкиот регион. Време е малку да се свртите назад и погледнете во вистината !!!