Македонија

Наместо топлификација, Битола ќе добие гасификација

Каква ќе биде судбината на проектот Топлификација на Битола со користење на отпадните води од РЕК ``Битола``, не е тешко да се претпостави, барем според сигналите што ги даваат локалните самоуправи на општините Новаци и Битола.

13.01.2018 17:41:37
Каква ќе биде судбината на проектот Топлификација на Битола со користење на отпадните води од РЕК ``Битола``, не е тешко да се претпостави, барем според сигналите што ги даваат локалните самоуправи на општините Новаци и Битола. Новачкиот градоначалник  смета дека за топловод во должина од 12 км до Битола, потребно е еден блок наместо струја, да произведува само топлинска енергија. 

- Мое мислење е дека за да се загрее до Битола, еден блок од РЕК ``Битола`` да не произведува струја и да произведува само топлинска енергија за згревање. Мислм дека во овие моменти кога Државата кубири со електрична енергија и се очекува 70% од вкупното производство на струја за потребите на Македонија, мислам дека никој нема да си дозволи еден блок да се исклучи заради топлификација на Битола- вели новачкиот градоначалник Љубе Кузмановски.

Затоа, тој заговара топлификација од РЕК ``Битола`` за Новаци кое е оддалечено од термо- блоквите само два километра. Во Битола, пак, како приоритет се заговара проектот за гасификација.

- Не знам до каде е проектот со топлификација. Она што како општина Битола ќе се занимаваме е гасификацијата на градот- рече Валентин груевски, претседавач на Советот на Општината.

Битолската опозиција смета дека проектот за топлификација неоправдано се става под тепих и покрај неговите економски и еколошки бенефити, како и поволните услови за негово финансирање.

- Проектот беше во некоја фаза започнат, од кои причини тој се стопира не ми е познато. Сега локалната самоуправа нуди еден друг проект на гасификација, з акој, во 2018 година се издвоени средства, со кои, ќе се работи физибилити студија. Значи, допрва ние треба да видиме за бенефитите на таков проект, а проектот за топлификација требаше да се реализира до 2019- 20 година- рече Тони Коњановски, потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Проектот за топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила беше верификуван со меѓународен договор на македонската и германската влада, како и партнерите – германската КФ-м банка и ЕЛЕМ, тежок 39 милиони евра со само 1,5 % камата. Вкупната инвестиција според физибилити студијата би чинела 49 милиони евра со  адаптација на два термо блока, топловод, топлификациска мрежа и потстаница. Барем засега, не се знае дали гасификацијата ќе го проголта.



 Петар Стефановски