Балкан

Над 260 килограми хероин откриени во автобус во Турција

Турската полиција во еден автобус во округот Коџаели во севeрозападниот дел на Турција, откри над 260 килограми хероин.

13.01.2018 16:08:24
Турската полиција во еден автобус во округот Коџаели во севeрозападниот дел на Турција, откри над 260 килограми хероин.  

Полицијата интервенирала по добиени оперативни сознанија дека поголемо количество дрога ќе биде транспортирано од источниот дел на Турција до Истанбул.

Автобусот бил запрен на автопат во реонот на Коџаели и при претрес на возилото под покривот биле пронајдени вкупно 264 килограми хероин.

Во полициската акција се приведени три лица.