Економија

Никој не кажува каде завршуваат дел од парите од наплата на патарини во евра на странци

Никој не кажува каде се парите од разликата во сумата што странците ја плаќаат на патарините низ земјава.

13.01.2018 17:35:56
 Никој не кажува каде се парите од разликата во сумата што странците ја плаќаат на патарините низ земјава. Ако македонските државјани, на пример, на патарината кај Миладиновци и Градско, за автомобили, плаќаат 60 денари, странците плаќаат евро и пол, или 92 денари. Разликата во вредноста во денари варира од 1 до 35 денари по патарина, зависно од видот на возилото. Откако вчера директорот на Јавното претпријатие за државни патишта рече дека разликата во сумата ја зема Народната Банка, оттаму остар демант. Соопшти дека нема никакви деловни релации и дека не е инволвирана во работењето на јавното претпријатие, ниту, пак, е вмешана во начинот на формирање на цените за наплата на патарините. 

„Народната банка нема никаква деловна релација со ЈП за државни патишта и произволната изјава дека Народната банка кога станува збор за железни кованици задржува 25-30% е крајно нејасна и конфузна. Следствено, не станува збор дека Народната банка на јавното претпријатие му наплатува некаква провизија или пак му задржува некаков процентуален износ“ - се вели во демантот од Народната банка.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта вчера рече дека разликата во сумата која им се наплаќа на странците во евра на патарините долж Македонија оди кај Народната Банка. И додека двете страни се препукуваат, граѓаните се уште не знаат на чија сметка одат овие пари и дали се употребуваат за исплатливи инвестиции или се предмет на злоупотреба.

Во иднина странците ќе плаќаат повеќе не само на 10-те патарини низ земјава. Ќе се градат и дополнителни 4, две на новата делница Демир Капија- Смоквица и уште две на автопатот Миладиновци- Штип. 

И покрај стремежот на земјава кон европските интеграции, наплатата на патарините засега не е дел од нив. Додека Европската Унија реши да ги отфрли вињетите и да го преземе во целост хрватскиот модел на плаќање врз основа на помината делница, а не на поминати наплатни пунктови, Македонија ќе воведе модел со при пејд картички. Од државни патишта уверуваат дека ова ќе профункционира до крајот на годинава, но само на Коридорот 10. Веќе биле обезбедени половина милион картички, а една ќе чини од едно до две евра.   


Тања Попова

 

Од: neznaen junak

Време: 14.01.2018 06:17:42

Коментар: Лагите и криминалот во Македонија не завршиј.Се е познато.И ништо не може да се скрие.Во предходните години направија ,,Змиско око,, две години демек ги следеа предходните министри на власта за да утврдат дека има криминал на рампите .Цели две години замислете за да утврдат дали се наплака како треба,дали се делат парите мегу возачите и патниците,и цели две години дали парите се внесуваат на жиро сметките на ЈП.И после следеше филм 70-души во притвор до денес ништо демек тн судии и обвинители да откријат.Се е толку јасно како бел ден.СЕ полнеа сметките на министрите и власта.Сега истите прикаски во друга боја.Каде оделе парите во девизи од патарината што ја плакаат странците?Ако ги земаат во евра,ногу е јасно оти тие евра треба ЈП Македонијапат ли е или кое е надлежно Фонд за патишата ли е да ги внесуваат во банката кај што е жиро сметката на ЈП и нормално според курсот на РМ спрема еврото се прават есапите.А пак како земаат евра кога во македонија платежно средство е денарот,каква фискална сметка му дават на странецот во денари или евра?кога се знае дека фискалните апарати се баждираат и имаат фискална меморија во денари?Жално но вистинито криминалот не заврши,а од нас не бива ништо.