Македонија

Гасификација на Штип

На почетокот од наредната година во Штип ќе биде поставена првата гасоводна цевка, со што Штип ќе биде првиот град во источниот дел од државата што ќе може да ги користи благодетите на гасот.

12.01.2018 17:41:53
 На почетокот од наредната година во Штип ќе биде поставена првата гасоводна цевка, со што Штип ќе биде првиот град во источниот дел од државата што ќе може да ги користи благодетите на гасот.
 
Во меѓувреме штипската локална самоуправа започна со изготовка на потребната документација за гасификација на гадот. Во буџетот на општината предвидени се 6 милиони денари за изготовка на проекти, а доколку се потребни дополнителни средства истите ќе бидат обезбедени со ребаланс на буџетот, како и од европските фондови. Според планот прво ќе се гасифицира индустриската зона, а потоа ќе се разгранува и секундарната мрежа.

Кон крајот на март треба да биде изгласан Законот за енергетика со што ќе се регулираат сите нерегулирани области кои што ги имаат како проблем општините, во однос на градењето на дистрибутивната мрежа.


Александра Ристевска