Македонија

ОЈО ќе ја истражува работата на Дрисла

Скопското јавно обвинителство, по допрен глас отвори истрага за депонијата Дрисла.

12.01.2018 13:58:48
Скопското јавно обвинителство, по допрен глас отвори истрага за депонијата Дрисла. Сомнежите на обвинителството одат во насока дека депонијата извршила кривично дело загадување на животната средина и природата, казниво по член 218, од Кривичниот законик.

 Како што информираат од обвинителството, надлежен јавен обвинител испратил  барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА , како и што утврдиле контролите, односно дали  констатирале почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата.
Државниот инспекторат за животна средина ја казни Дрисла со 8.500 евра заради пречекорување на термините за горење медицински отпад.