Македонија

Иванов го доби указот за Законот за јазици, не одлучил дали ќе го потпише

Претседателот Ѓорге Иванов уште вчера го добил указот за Законот за употреба на јазиците, но не се знае дали ќе го потпише или ќе го искористи правото на вето.

12.01.2018 11:24:03
 Претседателот Ѓорге Иванов уште вчера го добил указот за Законот за употреба на јазиците, но не се знае дали ќе го потпише или ќе го искористи правото на вето. Од неговиот кабинет велат дека тој одлуката ќе ја донесе согласно законски предвидениот рок.

Доколку претседателот не го потпише указот, законот ќе се врати во собраниска процедура и пратениците ќе треба повторно да го разгледуваат и да гласаат за него. Разгледувањето ќе биде во фаза на трето читање во рок од 30 дена од денот на негово донесување.