Македонија

Конечно откриена причината за матната вода во Струга

Надлежните од МЈП „Проаква” конечно го лоцирале проблемот со водата од гратскиот водовод во Струга, која беше забранета за пиење, бидејќи матноста беше за 3 до 4 пати поголема од дозволената вредност.

11.01.2018 18:02:37
 Надлежните од МЈП „Проаква” конечно го лоцирале проблемот со водата од гратскиот водовод во Струга, која беше забранета за пиење, бидејќи матноста беше за 3 до 4 пати поголема од дозволената вредност. Иако во водата немаше присуство на патогени организми, штом еден параметар не одговара на пропишаното во правилникот, таа не е за пиење. 

Ова се случуваше во два наврати во последните месеци од ланската година, но стружани велат дека проблемот со водата во Струга е актуелен години наназад. Она што загрижува се и сомнежите на стручните лица од Центарот за јавно здравје, кои сметаат дека неисправноста на водата доаѓа од самото извориште од кое стружани ја гаснат жеддта. Првиот човек на „Проаква” уверува дека проблемот е решен.

И додека Алексијоски искрено се надевал дека проблемот нема да се повтори, бидејќи извршиле и перење на водоводниот систем, струшкиот градоначалник Мерко со „соломонско решние” како да се куртулат од катажата врз кога ќе се изведат градежни зафати кога ќе пукне сонце.

Струга има проблеми со водоснабдувањето, се случува со месеци чешмите да им се суви, а кога ќе капне-место вода, кал. Од четирите пумпни станици во струшко, изминатиов период работеше само една бидејќи нема вода. Од струшката подружница на Проаква тогаш кажаа дека издашноста на изворите од кои градот се снабдува со вода била драстично намалена,поради неповолната хидролошка состојба. Секојдневно без капка вода остануваа цели региони од градот.Алексијоски вели дека сега изворите имале капацитет да ја снабдат Струга со вода.

Росица Голабоска