Свет

Колера во Замбија, милион луѓе во Лусака чекаат вакцина од СЗО

Милион луѓе во главниот град на Замбија, Лусака, чекаат вакцина од Светската здравствена организација (СЗО) против колера, во момент кога епидемијата таму добива широки размери.

11.01.2018 11:36:20

Милион луѓе во главниот град на Замбија, Лусака, чекаат вакцина од Светската здравствена организација (СЗО) против колера, во момент кога епидемијата таму добива широки размери.

СЗО соопшти дека вакцините се испорачани во таа сиромашна јужноафриканска држава.

Министерството за здравство на Замбија соопшти дека колерата, која од почетокот на октомври се шири во државата досега однела 63 животи од кои 58 во Лусака. Од 2.672 случаи на заболени во државата, 2.558 се регистрирани во замбискиот главен град.