Спорт

Милевски: Ќе има измени во репрезентацијата

Нашата селекција до 21 година доживеа уште еден пораз и веќе ги загуби шансите за освојување на второто место во групата.

14.11.2017 20:09:23

По третиот пораз во серија трпението на селекторот Благоја Милевски очигледно дека е при крај и тој по мечот најави промени во тимот бидејќи голем дел од фудбалерите не можат да одговорат на предизвикот.

"После пораз од 0-4, нема што многу да се каже. Честитки за победата на Австрија, а ние имаме големи проблеми. Одговорноста за резултатите е моја, а јас можам да најавам дека ќе има големи промени и дека ќе почнеме со селектирање на нови фудбалери, веќе од март. Очигледно е дека поголем дел од овие фудбалери не можат да се носат со предизвикот и да одговорат на барањата што ги бара репрезентацијата до 21 година, посебно по успесите што ги оствари минатата генерација", изјави по натпреварот селекторот на националниот тим до 21 година, Благоја Милевски.