Македонија

Загадувањето се поголемо - бројот на респираторни заболувања расте

Тетово, Скопје и Битола и натаму се на врвот според аерозагадувањето. Изминатиов период вредноста на ПМ 10 честичките е речиси постојано над дозволената граница.

14.11.2017 15:18:08
Тетово, Скопје и Битола и натаму се на врвот според аерозагадувањето. Изминатиов период вредноста на ПМ 10 честичките е речиси постојано над дозволената граница. Но, не само периодов,загадување е присутно веќе со години,што носи последици по здравјето на граѓаните. Лекарите алармираат дека бројот на респираторни болести и кај деца и кај возрасни постојано расте и состојбата е се позагрижувачка.

Доктор Костески апелира надлежните сериозно да дејствуваат. Има вели еден куп индустриски капацитети што загадуваат, зголемен сообраќај и многу други фактори што го зголемуваат аерозагадувањето.
Изјава- Д-р Александар Костески- Доктор по училишна медицина

Аерозагадувањето во градовите се чини расте заедно со ветувањата на надлежните.Конкретни мерки речиси и да не се преземаат,туку само се најавуваат проекти. Но, загрижувачките податоци на здравствените власти говорат дека се потребни итни мерки и одржливи долгорочни стратегии за справување со проблемот.


Милена Вучевска