Македонија

Граѓани и експерти контра уривање и преместување споменици

Зошто тоа што е веќе направено да се руши. Тешко е додека се направи, а многу полесно да се растури – граѓаните контра најавите на Министерството за култура дека веќе се готови елаборати за дислокација и уништување на три споменици од проектот „Скопј

14.11.2017 15:19:51
Зошто тоа што е веќе направено да се руши. Тешко е додека се направи, а многу полесно да се растури – граѓаните контра најавите на Министерството за култура дека веќе се готови елаборати за дислокација и уништување на три споменици од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои и Воинот на коњ. 

Дислоцирањето или уништување на спомениците, па и промената на името на Аеродромот Александар Велики, нема да ги реши долгогодишните спорови кои Македонија ги има со соседите, коментираат архитектите, откако од министерот Алаѓозовски потврди дека се готови елаборатите за три споменици меѓу кои и споменикот Воин на коњ на плоштадот Македонија. Според ресорниот министер за целиот процес на уништување или дислокација не треба помпезно да се разговара, едноставно кога ќе дојде време само ќе биде соопштена одлуката од надлежните институции.

Архитектот Вангел Божиновски за Алфа прави анализа на процесот кој го најавува Министерството за култура околу спомениците. Вели недозволиво е Министерството да ангажира работни групи, а притоа да не биде познат начинот на кој се правела селекцијата во изборот на експерти, но и на што се заснова анализата за изготвените елаборати. 

За уметникот Коле Манев, вината е во нас, бидејќи за клучни национални прашања кои задираат во историјата, не сме единствени , а тоа го користат соседите, па испорачуваат листа на барања. 

Алфа неодамна ексклузивно го објави списокот на грчки барања кои новата македонска влада треба да ги испорача во знак на затоплување на добрососедските односи. Токму спомениците беа едно од тие барања кои ги доставил нашиот јужен сосед, но предвидени се и казни доколку биде употребено сонцето на Кулеш. Во низата барања е и промената на името на Аеродромот „Александар Велики“, за кое веќе во јавноста кружат можни нови називи.  

Ивана Соколовиќ Најдова 
 

Nema sansa

Од: George

Време: 14.11.2017 18:22:00

Коментар: Се гледа дека Македонија не е независна држава и секој си игра со законите и правото, па и правдата и чувствата на луѓето, итн. Да ви дадам пример: ако во Холандија се направи нешто, како споменик или друго уметничко дело, и се постави некаде, нема шанса да биде тргнато БЕЗ согласност од страна на авторот. (После неговата смрт, важат други правила.) Дали во Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ важат АВТОРСКИ права?