Економија

Стартува изградбата на автопатот Скопје – Куманово, делницата Куманово – Скопје скоро готова

Почнаа градежните работи на автопатот Скопје – Куманово. Обратната делница , пак, Куманово - Скопје е изградена скоро 95%. Надлежните денеска извршија увид во градежните работи. Проектот тежок 10 милиони евра, по 5 милиони по правец се реализира со п

19.05.2017 17:43:26
 Почнаа градежните работи на автопатот Скопје – Куманово. Обратната делница , пак, Куманово - Скопје е изградена скоро 95%. Надлежните денеска извршија увид во градежните работи. Проектот тежок 10 милиони евра, по 5 милиони по правец се реализира со полна пареа. Автопатската делница која е долга 23 километри треба да биде завршена до крајот на годинава. Се модернизираат и патарините долж овој автопат, а ќе биде овозможено и плаќање со бесконтактни картички, што ќе значи полесен и побрз транспорт на луѓе и стоки.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ напомена дека во моментов се градат три автопати Демир Капија – Смоквица кој треба да биде готов за два месеци, Скопје - Штип и Кичево - Охрид. Во тек е реконструкција на уште три делници: Смоквица - Гевгелија, Неготино - Демир Капија и Куманово - Скопје. Вкупната должина на овие автопати изнесува 132 километри, а тие се градат или реконструираат со над 800 милиони евра. Дополнително, веќе следната недела ќе започнат градежните работи на уште две автопатски делници.

Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на новата зграда на министерството за транспорт и врски. Досега 96% од градежните работи се завршени, инвестицијата „тежи“ 5 и пол милиони евра, министерството ќе се простира на двојно поголема површина, а зградата целосно треба да биде готова до крајот на наредниот месец.


Тања Попова