Балкан

„Ало“: Во Србија се можни предвремени парламентарни избори

Според весникот, иако сите очекуваат Вучиќ по преземањето на претседатеслата должност да одлучи кому ќе го даде мандатот за формирање нова влада, тоа сепак тоа нема да се случи.

19.05.2017 13:00:35

Одлуката за тоа кој ќе биде нов српски премиер, откако сегашниот прв човек на Владата, Александар Вучиќ ќе ја преземе должноста претседател на Србија, можно е да биде донесена од страна на граѓаните на предвремени парламентарни избори уште во август, тврди белградскиот весник „Ало“.

Според весникот, иако сите очекуваат Вучиќ по преземањето на претседатеслата должност да одлучи кому ќе го даде мандатот за формирање нова влада, тоа сепак тоа нема да се случи.

„Ало“, повикувајќи се на „добро информиран извор“, тврди дека нов премиер нема да биде ниту актуелната министерка за државна управа и локлана самоуправа Ана Брнабиќ, ниту вицепремиерот и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, иако тие се споменуваат како главни фаворити за оваа функција.

Весникот тврдеи Вучиќ е изложен на голем притисок од челните луѓе на неговата Српската напредна партија (СНС), новиот премиер да биде некој од нив. 

Тие не се согласуваат со идејата за премиер да биде именуван Дачиќ, кој е лидер на помалиот коалицикси партнер на СНС, Социјалистичката партија на Србија (СПС), иако социјалистите очекуваат токму тој да биде избран на оваа функција, како награда за „големиот удел“ во победата на Вучиќ на претседателските избори во Србија.

Што се однесува пак до Брнабиќ, која не е членка на ниту една партија, на нејзиното именување за премиер се противат влијателните конзервативни кругови во земјата, кои не се согласуваат таа да се најде на оваа функција поради нејзината јавно декларирана хомосексулана ориентација. 

Бидејќи, се очекува градоначалникот на Белград Синиша Мали да поднесе оставка во скоро време, постои можност предвремените парламентарни избори и изборите за органите на белградската локална власат да се идржат во пакет, посочува изворот на весникот, доддавајќи дека со овој чекор Вучиќ целосно ќе ја дестабилизира опозицијата, која се уште не е повратена по поразот на претседателските избори.