Македонија

The Hill -Трамп мора да преземе нешто во Македонија и да ја санира штетата која ја направија Обама и Хилари

Американскиот претседател Доналд Трамп мора да преземе нешто во Македонија и да ја санира штетата која ја направија Обама и Хилари, пишува Бил Николов за The Hill.

27.04.2017 18:08:08
Американскиот претседател Доналд Трамп мора да преземе нешто во Македонија и да ја санира штетата која ја направија Обама и Хилари, пишува Бил Николов за The Hill. Според него, Трамп не смее да дозволи да се спроведуваше претходната администрација, туку да почне да спроведува своја политика. 

-„Американскиот Стејт Департмент и Американската амбасада во Македонија продолжуваат да го следат лево - ориентираното крило на Обама - Хилари, Џорџ Сорос, кој што ја финансира политиката на мешање во внатрешните работи во Македонија и тоа предизвикува хаос и ги засилува нападите врз етничкото потекло на Македонците и врз македонскиот суверенитет. Лево - ориентираните држави од Европската унија им се придружија на Соединетите Американски Држави и на невладините организации финансирани од Сорос, па побараа мандат за формирање влада да се даде на коалицијата која што ги прифати барањата за Голема Албанија, која што ги изгуби неодамнешните избори и ја прифати платформата со која што се бара промена на името на Македонија, идентитетот, знамето, химната и грбот и која што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија.“ изјави Николов.

Овие држави според Николов, избраа да ја игнорираат колатералната штета само за да се реализира нивната идеја на власт во Македонија да бидат марионетите од левицата. Покрја ова тој пишува и за масовните протести на иницијативата – За заедничка Македонија преку кои народот го изразува револтот за Тиранската платформа. 

Во текстот се наведува дека седум - децениската странска интервенционистичка политика практикувана и од левицата и од десницата во САД резултирала со американски инициран меѓународен хаос. Претседателот Трамп го потврдил тоа и нагласувал дека САД мора да прекинат со интервенции во странски држави.

-„Да се дискутира за политичка припадност како општа цел по ова прашање е слично како и да се дискутираме за вкусови и омилени бои. Стејт Департментот добива задачи од својот шеф, од претседателот. Која причина да ја изберете, господине Трамп, дали за да го исполните предизборното ветување, дали за да ставите крај на одлевањето на милионски суми собрани од даночните обврзници, обидувајќи се да имплеметирате влада во Македонија која што ќе биде раководена од Сорос, дали за да овозможите демократијата и Уставот да бидат прифатени во Македонија, дали за да ги следите основните насоки за човекови права и да ставите крај на обидите за денационализација на една вековно стара нација, или за да ставите крај на политиките од Обама и Хилари и да спроведете ваша политика, затоа што вие сте претседател, тоа зависи од вас.“- изјавил Николов.

Николов во својата статија  на Трамп му порачува дека тоа мора да биде направено, сега и веднаш.