Македонија

Иванов - Орбан: Неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Нови избори се единствено исправно решение за надминување на политичката криза во Македонија, кажа Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешната средба со Претседателот Иванов.

20.03.2017 21:21:35
 Нови избори се единствено исправно решение за надминување на политичката криза во Македонија, кажа Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешната средба со Претседателот Иванов. За Унгарија е неприфатливо други држави да се мешаат во внатрешните работи на Македонија и има цврст став против Тиранската платформа.   Претседателот Иванов се заблагодари јавно на Унгарија што ја покрена иницијативата во Европскиот Совет да се осуди и отфрли Тиранската Платформа, нагласувајки дека сето она што го преземал како Претседател на Р.М. е она што му го овозможува Уставот. А она што ургентно е потребно конститутивната седница на Собранието на РМ да биде завршена, да се избере претседател и да  можат активностите кои ги имаме како држава, нормално да се спроведуваат. 

ЕУ и НАТО треба внимателно да ја разгледаат реалноста со која се соочува Македонија и регионот и да испратат порака за нашата Европска и Евроатлантска перспектива а не да ја блокираат Македонија веќе долг период.      

Јанош изјави дека ЕУ и НАТО повеќе од 10 години давале лажни надежи за Македонија и дека сега е времето за вистински преговори за јасна стратегија на Балканот.

Во врска пак со мигрантската криза успешната соработка меѓу Македонија и Унгарија и понатаму продолжува. Јанош истакна дека Унгарија е една од државите кои на Македонија и даде безрезервна поддршка и помош за справување со илегалната миграција но и дека и должат благодарност на Македонија за успешното справување со мигрантската криза.  Доколку пак се зголеми опасноста од нов бран треба да сме спремни, да се работи на план за техничка , финансиска помош како и зголемување на силите на границата со Грција. 


Лепа Џундева