Македонија

Зоран Заев по повеќе од 15 часа не стигнал да го види писмото од ДУИ

Албанската платформа и барањата на партиите се уште на отворена маса пред ДУИ и СДСМ. Но проблемот не е во тоа што се уште траат партиските тактизирања околу ултиматумот кој го поставуваат албанските партии, туку содржината на текстот кој се држи во

17.02.2017 17:56:01

Албанската платформа и барањата на партиите се уште на отворена маса пред ДУИ и СДСМ. Но проблемот не е во тоа што се уште траат партиските тактизирања околу ултиматумот кој го поставуваат албанските партии, туку содржината на текстот кој се држи во тајност. Зоран Заев потврди дека синоќа стигнале забелешките од Ахмети, но лично тој не знае што е испратено, туку за тоа е задолжен неговиот тим. Но наместо потписите кои ги чекаат од СДСМ, неофицијално на Бихаќка стигнаа само приговорите од Ахмети околу измените на законот за јазици.  

Никому не му е познато што му е побарано на Заев, а што е испорачано на ДУИ, за да може содржински да се разговара на темата за коалицирање и формирање на Влада, вели универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски во емисијата „Ѕид“ која се емитува на Алфа Телевизија. 

Според него, партиите не постојат за една на друга да си предлагаат работи, тие се избрани од граѓаните за од народот да добиваат предлози. Оттука вели, шокира изјавата на партискиот портпарол Шилегов дека на ДУИ им предложиле многу добар предлог, заборавајќи ги повторно граѓаните. 

Универзитетскиот професор остро реагира на двојните аршини на како што вели квазиинтелектуалците на СДСМ. Неразбирливо според него е премолчувањето за албанската платформа, а најавувањето и споменувањето на македонска го прогласуваат за национализам и повикуваат на војна. 

Иако во предизборието лидерот на СДСМ беше подготвен на промена и на националните обележја, а доколку е потребно и прекројување на Уставот, денеска повторно се негираше себеси, па рече дека за социјалдемократите е прифатливо се што е во рамки на Уставот. 

И покрај внатре партиските тактизирања на СДСМ и ДУИ, од Беса стојат на ставот дека потпишаната платформа е црвена линија да добивање на нивните потписи. И од Алијансата на Села најавија дека доколку е неопходно менување на Уставот, ќе бараат гаранции за тоа. 

Ивана Соколовиќ Најдова