Економија

Итно формирање на нова Влада бара бизнис секторот

Што побрзо создавање на услови затоа што овој вакум период е голем проблем за бизнисот

17.02.2017 17:55:52
 
 Итно формирање на нова Влада бара бизнис секторот. Што побрзо создавање на услови затоа што овој вакум период е голем проблем за бизнисот.
 
Бизнисмените се согласуваат дека Новата Влада треба да го воспостави јавно приватниот дијалог со коморите.Проблемите при имплементацијата на законите би биле решени со вклучувањето на бизнис заедницата во правењето на законите. 

Бранко Азески претседател на Стопанска Комора на Р. М. – Подобро да ги имаме бизнис заедниците како партнери во градењето на законите место да ги имаме како противници во нивната имплеметација. Тоа е суштината, до кој степен ке биде подобар , тогаш ќе е подобар и економскиот раст на земјата и нашата позиција и стварањето профит,вели Бранко Азески претседател на Стопанска Комора на Р. М. 

 Според бизнис секторот, приоритет на новата Влада треба да биде расчистувањето на сите долгови кои што ги има сега државата

 – Една голема позајмица од преку 1 милијарда којашто ќе овозможи во буквална смисла, профункционирање на стопанството, а стопанството ќе ги врати и те како со креирање на нови работни места и ќе создаде подобра економска клима, кажа Проф.Рафајловски 

Иако производството во рударскиот сектор сеуште функционира нормално, сепак стагнира развојната политика.

 – Развојната политика, добивањето на дозволи не функционира бидејки имаме застој во функционирањето на владиниот сектор, истакна Николајчо Николов заменик директор на рудникот Бучим

 Стопанствениците се согласија дека доколку ја немаше кризата во изминативе 2 години ќе се постигнел далеку поголем бруто производ а економијата ќе дожевеала  поголеми успеси. 

 На тркалезната маса по повод 95 годишнината од Стопанска комора денес седнаа домашни и странски претставници од научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на држави од регионот.

Лепа Џундева