Македонија

Јавниот линч на актерот Владо Јовановски не престанува

Членовите и симпатизери на СДСМ јавно го линчуваат актерот Владо Јовановски, поради искажан став. Додека се врши линч врз него, се молчи за провокативните ставови на нивните истомисленици. Причина за нападот врз угледниот и познат македонски актер е

17.02.2017 17:55:31
Членовите и симпатизери на СДСМ  јавно го линчуваат актерот Владо Јовановски, поради искажан став. Додека се врши линч врз него, се молчи за провокативните ставови на нивните истомисленици. 
Причина за нападот врз угледниот и познат македонски актер е неговиот Фејсбук статус каде предупредува дека доколку Заев ги прифати сите барања на Албанците, ќе дојде до војна во Македонија. 
Речиси 30 часа, по статусот не престана војувањето и нападите на социјалните мрежи. Едни обвинуваат, други бранат. Прв реагираше актерот Сашо Тасевски, па Драган Спасов Дац, Тони Мијахловски и др. 
Од социјалните мрежи дебатата се пренесе и на телевизија. 

-Многу лесно се изговараат зборови, фашистичка влада, фашистички режим, диктатори, каде бевте вие како новинари и миротворци да се спротивставивте. Епа извини, тој прекар Кодош не ти го дала власта. Не тврдам јас, такво име ти ставиле. Знаеш како викаат, да не ти излезе име…Овој отстрел е како Шишков кога го отстрелаа, а колегите го кодошеа. Ти само ми даде шлагворт. Јас не велам дека си кодош. Мене ме викаат Лале, него го викаат Кодош, што да правам, прекар е тоа, вели Владо Јовановски. 
 
Најголемите напаѓачи на Јовановски ниту збор не кажаа кога нивни сојузници од типот на Тричковски, Ана, Југослав, се закануваа дека ќе отпуштаат, ќе фрлаат во Вардар, ќе рушат, ќе палат, ќе распнуваат и ќе бесат по плоштади.