Свет

Матис: САД се уште не се подготвени за воена соработка со Русија

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави денеска дека не гледа услови за воена соработка со Русија и дека американската војска се уште не е подготвена за тоа.

16.02.2017 15:28:14
 Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави денеска дека не гледа услови за воена соработка со Русија и дека американската војска се уште не е подготвена за тоа.

- Во овој момент не сме во позиција да соработуваме на воено ниво. Меѓутоа, нашите политички лидери ќе се ангажираат и ќе се обидат да најдат заеднички терен, истакна Матис.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека Москва „е подготвена да ја обнови соработката со Пентагон“.