Македонија

Ахмети за ТВ 21 - Победата на ВМРО-ДПМНЕ не може да се негира

ВМРО ДПМНЕ е политички субјект кој има капацитет и чии 100% од гласачите им се Македонци. ВМРО ДПМНЕ има поголем капацитет....Вистината е таа и не може да се негира, дека ВМРО ДПМНЕ во македонскиот кампус понесе победа на изборите.

11.01.2017 17:59:47
ВМРО ДПМНЕ е политички субјект кој има капацитет и чии 100% од гласачите им се Македонци. ВМРО ДПМНЕ има поголем капацитет....Вистината е таа и не може да се негира, дека ВМРО ДПМНЕ во македонскиот кампус понесе победа на изборите. Али Ахмети во интервју за ТВ 21 ги анализира и објаснува можните комбинации за формирање на владина коалиција. 

Таа вистина не може никој да ја оспори. Исто така вистина е дека ние во 2006 година инсистиравме, по срамниот акт на ВМРО ДПМНЕ кон Албанците, не земајќи ја волјата на мнозинството Албанци и ние инсистиравме....Дали принципот на коалицирање на победник со победник важи само за Албанците или и за Македонците? Значи велите по секоја цена мора да се коалицира со ВМРО ДПМНЕ? Нема дилема тука...
Покрај ова, Ахмети во интервјуто посочува дека не треба да се брза и треба да се донесе правилна одлука. 

-СДСМ не е победничка и кој ни гарантира нас за тоа колку стабилна ситуација....вие треба да гарантирате зошто прашувате...Доколку ние донесеме незрела, непромислена и не анализирана одлука......секоја избрзана одлука е одлука која може да предизвика последици. Во ситуација сме кога не брзаме никаде туку 99 пати ќе размислиме а стотиот ќе пресечеме. За да донесеме одлука како што набројав 
Меѓу другото тој зборува и за дел од актуелните теми за кои свои видувања даде и лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Според Ахмети Груевски е во право кога вели дека Македонците не го сакале него, но дека Албанците одлучиле неговата партија повторно да има најмногу гласови зашто тие му верувале. Според Ахмети ДУИ е сила која раководи веќе 15 години. 

Елена Бошковска Крстевска