Македонија

Истражување: 36% од момчињата и 3% од девојчињата сексуално искусни пред 15 години

Во земјава 36 проценти од момчињата на 15 годишна возраст имале сексуален однос, а само 3 проценти од девојчињата. Наспроти овие податоци европските просеци од 44 земји даваат поинаква слика сексуално активни на иста возраст се 24 проценти од мом

11.01.2017 18:01:52
 Во земјава 36 проценти од момчињата  на 15 годишна возраст имале сексуален однос, а само 3 проценти од девојчињата. Наспроти овие податоци  европските просеци од  44 земји даваат поинаква слика сексуално активни  на иста возраст се 24 проценти од момчињата и дури 17 проценти од девојчињата. Соодносот  не се менува 12 години  велат од коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници кои го презентираа истражувањето „Колку се еднакви и безбедни младите во Македонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства”? Речиси 1500 млади испитаници со рани сексуални искуства  рекле дека имаат нарушувања на физичкото, емоционалното и социјалното здравје, намалена поддршка од родителите и врсниците. Повеќе  пушат, пијат  а изложени се и на  сексуално насилство.  

Во истажувањето  наведено е дека најниска стапка  на заштита  со кондом 20 проценти има кај етничките Албанки, исклучително ретко пак или 6 проценти етничките Македонки користат пилули. Европските просеци покажуваат дека 59 проценти од девојчињата  имаат сексуален однос со кондом а 24 проценти употребуваат пилули. Од организацијата потенцираат образованието треба да биде главниот  катализатор во рушење на табуата и во поставување на овие прашања  меѓу приоритетите на еднаквоста за подобро здравје.  

Токму влијанието на традиционалната култура во земјата која е пред  науката и фактите  ја табуизира  сексуалноста и сите прашања поврзани со  неа и  го помага одржувањето на стереотипните сфаќања, кои останува сериозна препрека за развој. 

 Вероника Мароска Леова 
 

Од: The

Време: 11.01.2017 18:49:23

Коментар: M=36%, Z=3%.......??????? Lazgovci...ili homoseksualci ? :)