Економија

Груевски: нова инвестиција од 300 вработувања во Крушево

Нови 300 вработувања за крушевчани до крајот на годината по влегувањето на најголемата грчка компанија СЕКЕ во земјава.

10.07.2016 17:00:54
Нови 300 вработувања за крушевчани до крајот на годината по влегувањето на најголемата грчка компанија СЕКЕ во земјава. Освен 100 вработувања кои ќе се обезбедат преку три други инвестиции, со новите работни места ќе се обезбеди екзистенција за уште 300 семејства.

По посетата на Крушево, Груевски информираше дека компанијата веќе работи во изнајмен објект на „Нико Доага“ кој го изнајмила и веќе врши откуп на тутун. Во следниот период уште три инвестиции се планирани и за Кривогаштани. 
Според плановите во првата година треба да отворат најмалку 100 редовни работни места и дополнително најмалку 100 сезонски. 
Едната е за преработка на земјоделски производи и е вредна околу 1,5 милион евра, втората инвестиција е исто така за преработка, но за суви и смрзнати земјоделски производи и е инвестиција вредна околу еден милион евра од наш иселеник кој потекнува од овој крај. Третата инвестиција е онаа на компанијата „Везешари“ која вкупно е вредна околу три милиони евра.

Една од трите планирани инвестиции е и преработувачкиот комплекс за месо на компанијата „Везешари“, кој во првата фаза треба да обезбеди вработување за 70 лица.

Пред посетата на Крушево, Груевски го посети и селото Бучин каде е во тек изградба на пат кој ќе го поврзува ова село со селата Вашарејци, Ивановци и Трновци. Патот е долг 10 километри и се гради на барање на локалните жители. 


Ивана Соколовиќ Најдова