Македонија

Со 14,3 промили, Македонија е лидер во ЕУ по стапката на смртност кај новороденчињата

Со 14,3 промили, Македонија е лидер во европската унија по стапката на смртност кај новороденчињата каде просекот е 5,2 промили– тврди опозицијата. Од министерството за здравство, пак тврдат дека во последните 15 години бележат тренд на опаѓање на см

20.11.2015 18:03:10
Со 14,3 промили, Македонија е лидер во европската унија по стапката на смртност кај новороденчињата каде просекот е 5,2 промили– тврди опозицијата. Велат оваа состојба постојано се влошува, а најголема причина за тоа е што не се одвојуваат доволно пари за безбедно мајчинство. Акциските планови и стратегиите за безбедно мајчинство дадоа резултати велат од министерството за здравство. Од таму тврдат дека во последните 15 години бележат тренд на опаѓање на смртноста и кај бебињата и кај мајките.  

Според невладиниот сектор еден од клучните проблеми е недостигот на гинеколози. Тврдат дека во 45 општини воопшто нема матичен гинеколог, а во 25 не е задоволен просекот односно да има по 1 гинеколог на 3000 жени.  
На денешната јавна расправа за доеничката и смртта кај родилките учесниците предложија веднаш да се опремат родилиштата, да се зголеми буџетот за мајки и деца, како и да се распишат соодветни специјализации. 

Елена Ставровска - Севриевска