Со 505 гласови за и само 61 против, Европскиот парламент денеска ја усвои резолуцијата за Македонија со која се бара Европскиот совет без одлагање да даде датум за старт на преговорите со земјава. Европратениците притоа не усвоија дел од поднесените амандмани на резолуцијата на известувачот за Македонија, Ричард Ховит, отфрлајќи го оној со кој се бараше предлогот на Грција за сложено име со географска одредница да биде оценето како добра основа за постигнување на компромис во спорот за името.